А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Современото геј-отфрлање на современата геј-култура и сегашната популарност на згодно настранетите нешта што се присвојуваат од главнотековната, хетеросексуална култура, не можат да се сведат на прост симптом на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, како што видовме, тие претставуваат и признание за тешката положба на машкото геј-живеење и решителен одговор на неа, вклучително и категорично отфрлање на главнотековните општествени вредности што ги унижуваат и ги обезвреднуваат геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)