Беше сигурно дека Татко сакал да ги оживее, да ги растолкува знаците на овие сиџили во кои претпоставувал дека се крие кодот на идентитетот на неговата мајка, на нејзиното семејство коешто најмногу го одбележа неговиот живот, оној со средиште во цариградското време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- На крстопатот, на излезот од шумата, ќе го дочека куциот самовил, истиот оној волчји цар чие завивање го одбележи неговото раѓање.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)