А јас држам среќа да биде многу „виновен“, па да одврзе ќесе за да надомести.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го одврзаа ќесето, а сега им е жал за парите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стариот газда посебно го сакал Григура, покажувал поголема грижа отколку за своите деца. Нико Кочо го одврзал ќесето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога попот веќе го одврза ќесето да му дади на Шпира пет - шест лири за „прит“, Крсте задржа само една и му рече ,на Шпира: — Ќе и а носиш ваа едната и ќе и кажиш на бабата ота зетот не купуа кобила со пари, ами сака невеста со ќев.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Така е, бре Калешко, така , така! Кога пазариш — пазари ѓупци, кога плаќаш одврзи ќесето плаќај туџарски, рекол некој. И вие сега, пазарите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Главно е да биде задоволен гостинот и да го одврзе ќесето... Зошто нервоза?... Ајде богати...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На збогувањето го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири, сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома, на Мирчевица ѝ оставија десет лири. A со десет лири во тоа време се живееше десет месеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)