Такви кучиња ретко кој уште одгледува во планинава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој одгледуваше во Љуботен соколи за повидните Турци и често навраќаше во градот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во прво време кожите се купувале во разни делови на Македонија, а потоа кози започнале да се одгледуваат во Велешко2а.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сакаме пишување кому повторно светињи ќе му бидат семејството и татковината, народот и крвта, целото постоење на набожни врски што ќе нè одгледуваат во духот на општественото чувство и заедничкото живеење, било меѓу роднините, било во професијата, како следбеници и работници, било во племето и нацијата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)