Улам на твојата жестока неправда Што ми го одзеде сонот, Улам на твојата божја сила еден крај друг дури стоиме и дури погледнувам на твојата рака што ги покрива усните неколку века од мене да се оддалечиш.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
На луѓето им се одзеде сонот: стоеја на прозорците, ѕиркаа кришум да не ги забележи војската, да не им ја забележи радоста што им зрачеше на лицата од скорото пробивање на фронтот: и дење кога ќе врвеа војските по прашливиот пат уморени и јадосани, луѓето пак подбегнуваа понастрана, не сакаа да се сретнат со нив, не сакаа да ги дразнат со своите погледи, да предизвикуваат кај нив бес, зашто знаеја од поранешните војни: ранетата ѕверка не треба да се гиба.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)