Зедов две прашалки, ја зедов и сестра ми за рака, таа уште не можеше да оди како што треба и одвај ја однесов.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Работата со регрутирањето одеше како подмачкана, едноставно сиромашните деца беа мнозинство во земјата и немаа некој поголем избор освен да пристапат во гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Отсекогаш децата на докторите мораа да станат доктори. Тоа си одеше како по дифолт.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
СЕЛАНЕЦОТ: Е, ујган работа, и да се одморам, зашто нозеве не одат како што треба. (Седнува, повеќе паднува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Паднеш ли, таа ќе те дочека. Седни и ти, пријателе.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)