оди (гл.) - надолу (прил.)

Под нив се топи снегот и огнот оди надолу.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја галев по колената, потоа одев надолу до стапалата, со двете раце ѝ ги поткревав нозете и пак ги спуштав со такт на игра што одамна ја имавме научено.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите бегалци дојдени од Гаково, од Војводина, веќе знаеја дека во денот кога падна последниот голем снег што ќе држи дури до крајот на зимата во Скопје се појавил Димостен ама не оној што сите го познаваа и чие кадро го носеа од дворот на Одборот кога таму на дрвената кула со едно наведнување си ја откачи едната нога и високо ја крена, овој што поминал од тука (рекол оди надолу по Вардар), не бил ни половина од оној што го знаеја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вели одам надолу, ки пуминам пу то Велесот, пу то Неготино, ки са задржам мауце у та Демир Капија, црнта порта к’ту нашта црна судбина, уд там у Гивгилија, у с’те тиа места ти имало бигалци, Игејци, а он руднини, пријатели.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Трајче одеше надолу по улицата и ги загледуваше броевите на портите. Го најде и бројот 125.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зафајќајќи му ја првин горната широка витка и одејќи надолу кон шилестиот врв што го држеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој оди надолу, јас нагоре, ама не се оди. Гледам, не се оди. Ме подгазува ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајката, ќе си речам, селото мое беше нагоре, зошто јас одам надолу. И ќе се повратам назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)