Таа, наместо да се заблагодари, намуртено промрмори: „Ако сакаш да ме израдуваш со цвеќе, однеси ме на некоја цветна ливада“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Однеси ме на местото што го сакам Мора да продолжи да чекори.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Однеси ме кај кучето, ми вели, жити мене однеси ме, вели, сакам да го видам, да си поиграм.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Не давај ме да умрам, мајко, ми вели Ѕвездан, не давај ме, мајчеле, однеси ме некаде, вели, скријај ме, мајчеленце, вели, се моли.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Бргу, однесете ме таму. — Чекај да се напиеме кафе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)