Триаголникот на брадата му се повлече и ги откри птиците над нас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откако ја однесе торбата со покупките во кујна, Влатко се упати кон балконот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Та малку ли му се петнаесет оки злато кога тој немаше ни петак во ќесето?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа ја однесе торбата на десетина метра од него и ја скри во душната папрат та продолжи да коси, сега повеќе носен со надеж дека и друг тагарџик ќе најде: Но тоа беше само надеж.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Гладен е. Побарал да му ја однесеш торбата со јадење - со леб, со урда и кисели пиперки во склопци.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)