Чуден беше тој Јован Аиноски; со ништо, ама со ништо не си сличеше на другите свои соплеменици, поблиски и подалечни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш, бегајќи од неа, од колективизацијата, последниот од Акиноските, Јован Акиноски, го однесе некаде со себе и тевтерот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Готвачот, малку потаму од заробениците, распали оган во огништето, го крена тенџерето, го однесе некаде зад шаторот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Те ставија на количка и те однесоа некаде…, но јас уште не помислив дека тоа е крајот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Се зборува дека наскоро ќе нѐ собираат нас Евреите и дека ќе нѐ однесат некаде, на пат за кој никој не знае ништо”. „Тоа се глупости, народот денес сешто зборува”, рече мајка ми со слична решителност. „Можно е”, одговори по подолга пауза таткото на Рашела.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега се убеди дека навистина ќе го однесат некаде далеку од каде што нема жив да се врати. – Што ли прават сите тие? – се праша и сам си одговори: – Плачат, што има да прават друго – и почна да рони солзи низ жолтите образи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тогаш Тимко сакал да го однесе некаде горе на зимниците, да го скрие таму и го зел синџирот да го врзе за да го води.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тој едноставно ја заобиколи, а жената продолжи со врескањето, сѐ додека чуварите не дојдоа и не ја однесоа некаде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Доктор Гете забележа колку ме вознемири она што го видов, и ми рече: “Ах, не гледајте сѐ така црно!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)