Навистина, жителите на Потковицата и дотогаш знаеле дека сонот значи смрт, насилно и грубо искоренување, па затоа и сонувачот и тие на кои се однесувал сонот живеле во постојан страв, во постојана одземеност и малодушност, сѐ до извршувањето негово, но никако не можеле да си ги доизјаснат значењата на симболите во него, а тоа, како учен човек, го сторил Јован Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)