Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Исто така мнозина ќе забележат оти малите држави се однесуваат со таква недоверба кон улогата на Бугарија во Македонија како што се однесуваа големите сили кон улогата на Русија во бугарското ослободување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Македонското население не се однесувало со омраза кон Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не знаат да се однесуваат со дама.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Круме Волнаровски кон неа се однесуваше со респект.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Беше во состојба со денови да се однесува како немтур и да се обидува да ми наметне вина мене, дека, еве, јас сум била нечовек, штом така грубо, а не нежно, како што беше навикнат, се однесувам со него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Додека ЦК бил во стариот состав, на чело со д-р Христо Татарчев, гемиџиите се однесувале со нужниот респект кон него.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Затоа се однесувал со респект и љубов кон нив.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ако сакаме да се однесуваме со нив на објективен начин, би се создале два проблема: ограничен пристап на психоделичните супстанции и отсутност на лингвистичка теорија, за да можеме искуствата и да ги изразиме.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Луѓето се однесуваа со почит.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таша не би можела да ни приговори..
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Филмов е начисто брутален. Како може некој вака да се однесува со деца?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А и таа поврзаност на утроба со детето е чудна работа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите мајки ги носеле своите деца во своите утроби, па одново секоја мајка поинаку се однесува со своето дете, поинаку се однесува и една мајка кон секое од своите деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)