Всушност, „сентименталноста“ што често ѝ се товари на мелодрамата и која се смета за едно од нејзините обележја, на крајот на краиштата, не е ништо повеќе од склоност кон премногу изобилни нежност, достоинственост и почит на некакви нискосталешки луѓе кои (според елитата) не заслужуваат толку голема мера сериозна размисла, а кои ја добиваат од мелодрамата само затоа што мелодрамата ги одразува блиското идентификување на нејзината публика со таквата раја и силината на емоционалната внесеност на таквите гледачи во нивните животи.
Високиот степен на емоционална напнатост што мелодрамата го внесува во премрежињата на обичните луѓе, кој би им прилегал на врвните теми на трагедијата, но кој станува будалест кога ќе се наштима за да внесе горливо значење во животи што не го заслужуваат тоа, не може да не изнуди насмевка на лицата на општествено овластените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако поимот „мелодрама“ сега станува погрден, тоа е затоа што очигледното сочувство што мелодрамата го внесува во судбината на обичните луѓе изгледа, барем од повластена гледна точка, дека е изместено, дека е облик на задоволување ниски страсти, дека е побудено исклучиво од недостојна, неоснована, пристрасна, сентиментална приврзаност кон инаку неисклучителни ликови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Аристократите се смеат на околности што ѝ се ужасни и трагични на буржоазијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно, смешни се кога ќе се споредат со маките на Ифигенија, на Федра и на Хамлет (иако Шекспировата трагедија секогаш според темите и домашните преокупации е поблиску до грижите на буржоазијата, поради што е полесно да се приспособи кон потребите на некоја современа народска публика).305 Бегањето со погрешен маж можеби ќе излезе погубно за Клариса кај Семјуел Ричардсон, но последиците не се баш вселенски: нема тие баш толку да го потресат светот како последиците од Парисовото заведување на Елена – со други зборови, „урнат ѕид, спален кров и кула / И Агамемнон мртов“.306 Кога се гледа од повисоката положба на општествената елита, средносталешката трагедија е само мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)