„А со она, со мажачката, што сѐ ти следува, што сѐ ќе ти биде одредено да носиш и да трпиш, тоа е сосема друга работа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И во тие патеки на височините, во тие жарчиња на претходниот оган се вивнати овие сублимирани, исцедени песни од кондензираната сила на СОЗДАВАЧОТ, од неговата енергија, внатрешна сила одредена да го исцрпи зборот од неговата суштина.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
- Во нашите упатства за работа - рече Англичанецот - не ни е одредено да спроведуваме плебисцит меѓу населението...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
— Дваесет и пет на Милка по голо месо! — му нареди Толе на Брниклијата кого го одреди да ги извршува неговите пресуди.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Михајло Горачинов се мачи да објасни дека треба да го знаеме и грчкиот јазик, зашто судбината нѐ одредила да живееме заедно со Грците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ѝ ја засука кошулата и ѝ наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на очиглед на цело село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)