Свесно да се кажуваат лаги и истовремено искрено да се верува во нив, да се заборава секој факт што станал непожелен, а потоа, кога ќе биде повторно потребен да се извлече од заборавот за онолку време за колку што е потребно, да се одрекува постоењето на објективната стварност и за сето време да се води сметка за стварноста што се одрекува - сето тоа е неопходно потребно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Витгенштајн мисли дека смислата мора да биде одредена; затоа тој го постулира постоењето на едноставни објекти како значења на извесни знаци.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На пример, при изнесувањето на тврдењето дека јазикот нема никаква одредена смисла, се чини дека Дерида изнесува едно тврдење со одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од друга страна, Дерида го одрекува постоењето на такви нешта И оттаму заклучува дека смислата не е одредена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)