одржи (гл.) - говор (имн.)

Даскалот Милан Ацев, како раководител на училиштето, одржа говор и ја предупреди публиката дека сите „артисти што ќе се појават сега на сцената" се ученици од училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јордан Тренков им одржа говор во Жиовските ливади под Становица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ноќеска ќе му влеземе на мудурот и јузбашијата и ќе ги исколиме сите ако не избегаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Слушнаа за мене и поети од Ману ме викнаа на ручек со нив да ждерам таму покана добив и јас да рецитирам во нивното друштво да им пенетрирам На Струшките вечери седнав на стол одржав говор пијан ко вол аплауз силен, дојки се тресат ми додели венец згодна поетеса
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ме вратија во стројот, одржаа говор во кој пред останатите ме истакнаа како пример што не треба да се прави и одново јас лева - десна ја чував оградата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во прилог на таквата негова заложба, Христов, меѓу другото одржал говор во кој ја истакнал искривената слика во Америка за имигрантите и потребата за нивна американизација што се одвивала преку процесот („казанот“) на претопувањето (melting pot): Ние (јас и мојата сопруга) дојдовме овде во Вермонт во 1938 година.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден од придружбата се обиде да одржи говор, но беше доцна, доцна беше за сè.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Сега, Нумо, ќе им одржат говор и ќе ги пуштат - рече Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа ни одржа говор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Налево! – се слушна команда. – Се свртевме со лицата кон Албанија. – Напред марш! И тргнавме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А јас, пак, се прашував: - Кои се тие и кои се другите? Зар мајка ми е од другите?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Што мислиш, пак го прашав - дали ќе се вратиме некогаш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука, под сенката на врбата чекавме построени како под конец да дојди главната – Маријанти ја викаа – прво за да провери дали рамно сме построени, потоа да ни одржи говор за големите победи на ДАГ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се собравме многумина млади, а тој ни одржа говор на месечина, нè охрабри и ние заминавме за Рибарци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа ноќ стигнавме под Плетвар (Прилепско), тука ни одржа говор еден заменик на баталојот – Бугарин и почна бугарски да нѐ храбри да не се плашиме, нѐ запозна со тоа каде е непријателот и дека лесно ќе го победиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ГИ УБИВМЕ ЗАРОБЕНИЦИТЕ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Им одржал говор, им рекол дека се добри луѓе, верни на туѓинците, ама едни на други понекогаш си се ѕверови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)