На 4 и 5 март 1945 во Скопје е одржан првиот Македонски црковно-народен одбор на кој покрај свештенството присуствувале и преставници на Президиумот на АСНОМ и Главниот штаб и други структури од тогашниот општествен живот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Амстердам 89-та беше одржана првата меѓународна конференција на компјутерски хакери, “Galactic hacker party” (Галактичка хакерска журка).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со доверлива искреност не го задржуваше својот оптимизам верувајќи дека конечно настапуваат среќни денови за народот на Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На Собирот било заклучено да се обнови Охридската архиепископија како самостојна црква, со свои народни епископи, а врховниот поглавар да го носи името “Охридски архиепископ на Македонската црква ‘Св. Климентова Охридска архиепископија’”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Макар што во дипломатскиот кор циркулираа непотврдени информации дека наскоро во Картагина ќе се одржат првите американско-палестински разговори, како вовед во палестинско-израелските разговори, настојував да го совладам во себе поривот на вообичената дипломатска индискреција...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)