Градбите од ќерпич биле мошне издржливи, приспособливи за големи горештини, а при големи студови лесно се загревале, отпорни се и еластични на потреси, како градбите на цврстите материјали.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А книгите, секоја книга од татковата библиотека ќе означува нова скитија, следење на големата река на животот, со сите свои меандри и свиоци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќерпичот се редел со раце или со специјални кошници, сѐ додека Шпанците во доцната бронзена доба од VIII век пред новата ера не започнале да ги печат циглите и тоа ќе означи нов цивилизациски скок.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓутоа, често се случува турцизмите да ги нема, но насилството и злото, како што велиш, да го означуваат новите зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Барутот започна Татко којшто означи нова ера во војувањето и во уништувањето на човекот и неговите придобивки, не беше измислен, ниту создаден на Балканот, туку тој, како и многу други смртоносни оружја, беше овде пренесен!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Камилски не му беше познат овој факт, тој ниту некогаш за него размислувал до Татковото потсетување за тоа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)