означува (гл.) - разен (прид.)

Во врска со парите, Камилски забележа и неколку турцизми што означувале разни предмети во кои се носеле и се чувале парите, како на пример: ќесе, вид паричник (од турски kese); ќемер, намерно сошиен појас со прегради кој се носел и директно на телото, под облеката (од персиски kemer); арч, арџ, трошок (од арапски har).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од јазикот на народното творештво Татко издвои и некои заемки со кои биле означувани разни документи, прогласи, објави од страна на тогашната власт упатувани до своите поданици како што се зборовите: арзоал, молба, претставка (од персиски arousal); хатишериф, султаново писмо, ферман (од арапски hattiserif); бераат, указ, декрет (често за звање или одликување), (од арапски berat).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко посебно внимание им посвети на ориентализмите кои означуваа разни давачки и такси што ги давало населението како: ангарија (со потекло од грчкиот во турскиот јазик angarya); арач (од арапски hara); бедел, замена, воен данок, замена за еквивалентна вредност, замена за воен обврзник (од арапски bedel); баждарина, баждарлак, баждар, такса за внесување стока во градот (од персиски bac); кафе-оџак-параси, вид данок што го уплатувале агите и делибашите во прилог на пашата (од турски kahve ocak parasi); ихтибаре, такса за право на тргување (од турски ihtibare)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со своите студии по шеријатско и модерно право на Цариградскиот универзитет, како старо-нов кадија, посебно внимание им обрна на заемките од областа на правно-судската терминологија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски продолжуваше да бележи во еден голем жолт нотес, донесен од последното патување од Париз, купен во големата книжарница во Латинскиот кварт пред мостот Сена, во којшто, како што му се довери на Татко ги запишуваше главните идеи, односно les ides generales коишто му недостигале хронично на Балканот, а тие обајцата биле на пат да ги најдат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)