Ти, што се викаше СОН, ненадејно зграпчен од реалноста и окован во одајата на срцето, запленет од целоста на душата.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Фатен и мачен бил и познатиот револуционер Т. Лазаров; окован во пранги во скопскиот затвор бил доведен Петар Попарсов; уапсен бил и Иван Гарванов.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Арафат не можеше да ја повика судбината на нова побуна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше окован во своите илузии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зар Јас што го поништувам овој свет со збор а не со рака што му ги лупам лушпите - факти му ги симнувам тешките панцири и гуњи на лагата балдахините божески и кралски на суетата зар Јас заслужувам таква бедна казна: да застанам унижен ко Адам пред крстосницата на прогонството и окован во прангите на измамата со тешката иднина на грб со прекор од поколенијата од моето семе што треба да се родат пак по истиот пат да тргнам? 88 okno.mk Крст-о-пат Колку сме сметени кога пред крстопат доаѓаме без знак.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)