- да се натераат, со оружено дејство, на капитулација бугарските гарнизони во Македонија и со тоа да се оневозможи создавање на какви и да е реакционерни единици во Македонија.183 Во периодот од јуни до крајот на јули 1944 година Првата македонска бригада добила големи количества на оружје од страна на Британците.184 На територијата на Западна Македонија единиците на НОВ и ПО на Македонија во текот на јули и август воделе тешки борби на секторот Дебар-Кичево-Струга.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)