Да се опише содржината на една форма или значењето на еден стил е многу различен потфат од потфатот да се објасни содржината на некој исказ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако не се работи за ништо, тогаш не е фризура – тогаш е само коса. (Или, можеби, е несредена коса: ако стилот никогаш не е само стил без содржина, тогаш содржината никогаш не е само содржина без стил, а содржината што изгледа како да е само содржина веројатно е резултат на некадарен, никаков стил.)
Но за што се работи во стилот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Краткото затемнување и следователното откривање на лицето на Џоан Крафорд со сенките од венецијанерите не е некаква пропозиција во некое тврдење, туку состојка на стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мора да се работи за нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)