Оценката на Тито за неавторитативното дејствување на Апостолски во Македонија, што им ја предочил на шефовите на британската и американската воена мисија, во тој момент може да се разбере само како чин со кој Тито настојувал да ја оправда својата немоќ во однос на контролата на настаните во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
69. Но тоа влијание му е нужно, ете зошто, од една страна нѐ уверува оти до кога ја има слободна Бугарија македонското прашање не е закопано, од друга страна, за да го оправда своето егоистичко поведение, сета вина за несреќите кај нас ја префрла на Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ондин, цело време мумлајќи, и самиот сака да го напушти снимањето, но успеваат да го вратат и тој се впушта во долг монолог против девојката обидувајќи се да ја оправда својата постапка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сфаќајќи, на свој ужас, што се случува, таа станува и бега.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бев готова и да ползам за да ја оправдам својата невиност, да ми прости за нешто за кое што немаше што да се простува. Да барам прошка за вина која ја немав.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Цела ноќ и цел ден му беа потребни на Томо да ги оправда своите постапки во полицијата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Дури од втора, трета...“, бабата се обидуваше да ја оправда својата ќерка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Исто така, оваа автономија е императив, бидејќи мнозинството Македонци не се сметаат себеси за ‘Јужни Срби’, што е целосно вештачки термин".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според нивните истражувања, „Македонија, иако конгломерат од различни народи, би можела да ја оправда својата автономија врз основа на етничкиот принцип.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Етнички народот во Санџак е многу сличен на црногорскиот, но нивната ориентација е многу повеќе спрема Србија, иако нивниот силен муслимански елемент инклинира кон Босна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, Санџак не може правно да ја оправда својата независност на која било основа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како провокација ми прозвучи и она забелешка на иследникот, и тоа среде испитувањето, дека постоеле моменти кога будноста попуштала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Таквите околности не смеат да се користат“, гласеше неговата опомена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А прилично е доцна – се обидува да го оправда своето настојување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Морам да сум премногу зафатен за да имам со што да ја оправдам својата нервоза.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во еден момент ми се пристори дека му го слушнав придушеното смеење.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ако, и јас сум таков – се обиде да го оправда своето љубопитство стражарот од ходникот пред да ја затвори вратата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност сака да му помогне на татко ти, или сака да го оправда своето однесување.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: VIII PO.бр.701/09. 2. Ако на подготвителното рочиште не дојде тужителот кој 177 уредно е поканет, а изостанокот не го оправда, тужбата се смета за повлечена – ако со тоа се согласил тужениот; а ако тужениот не е присутен, тужбата ќе се смета за повлечена ако во рок од осум дена по приемот на известувањето за повлекувањето не се изјаснил дека на тоа се противи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако на подготвителното рочиште не дојде тужениот кој уредно е поканет и не го оправда своето отсуство, а не постојат услови за донесување на „пресуда поради изостанок“ (в. подолу), судот ќе расправа со присутната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)