определи (гл.) - кој (зам.)

Прашања од нивото на свесност Нивото на свесност овозможува индивидуите да ги преиспитаат промените во развојот кои се одвиваат преку алтернативно ниво на акција и да определат кои се можните нови сознанија за: (а) природата на нивните предиспозиции и желби, (б) карактерот на различните квалитети на индивидуата и на нејзините односи со другите, (в) структурата на нивните внатрешни состојби, (г) содржината на преферираните вредности, верувања, и конечно, (д) природата на нивните определувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој народ, кој живеел меѓу рисјаните и муслиманите и кој не влегувал во судири со нив, не може да се определи која вера е за него подобра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трајче си определи кои алишта ќе му бидат за на училиште, кои за играње со другарите по часовите, а кои за по дома.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И самиот како да беше изненаден од лутината на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Во мојава куќа гостите не определуваат кој ќе ми биде гостин.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеш да се определиш кои се најубави - црвените или светкавите - сребрени и златни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога бев малечок баба ми даваше да ги нижам на синџирче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И ги броеше по пет во купчиња. И ги редеше различни по боја и големина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако синдикатот престане да дејствува со неговиот имот се постапува на начин и под услови коишто се пропишани со статутот (чл. 194, ЗРО). 4.  Во случајов станува збор за т.н. постулациона способност – тоа е капацитетот на парнично-способната странка во постапката пред судот сама да ги презема процесните дејствија, во правно-релевантна изразна форма, без посредство на други лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице – а, освен нив, со посебни прописи се определува кој друг може да биде парнична странка (чл. 70, ст. 1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)