Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сега, во црвеникавата топлина на својата собичка, тој се почувствува себеси толку годулкаво пријатно, од тоа што тука, крај него, освен него, имаше уште и некој друг, што потреперува исто како него пред тие завивања, со кого можеше да сподели сѐ, кон кого можеше да биде добар, и тоа го опфати сиот со онаа насмевка, што долго не слегуваше од неговите усни, иззавиткан во ложниците околу своето тело и издолжен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)