Сега се стреми кон тоа да се вели “писмо” за сето ова, но и за други нешта: за да се означат не само физичките знаци на пиктографското, идеографското или пишувањето со букви, туку исто така и целокупноста на она што него го овозможува; потоа, од онаа страна на означувачкиот, самиот означен лик; оттаму, сето она што може да му даде место на еден запис воопшто, без оглед на тоа дали е или не е со букви, па дури и без оглед на тоа дали фактот што тој е распореден во просторот му е туѓ на поредокот на гласот: секако, кинематографијата, кореографијата, но исто така и пиктуралното, музичкото или скулптуралното писмо, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се разбира, тврдењето дека поимот на писмото го пречекорува и го опфаќа поимот на говорот, претпоставува извесна дефиниција на говорот и на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Смртта на зборот тука несомнено е метафора: пред да зборуваме за исчезнувањето, треба да се мисли на една нова состојба на зборот, на нејзината подреденост во една структура чиј архонт таа повеќе нема да биде.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)