Затоа во СОЕ се инсистирало дека е потребно на окупираните народи во Европа да им се покаже како да се организираат во „таен пасивен отпор, саботажни и герилски групи; а ако се снабдат со специјална опрема за саботажи, оружје, експлозив, пари, радиостаници тие би можеле да станат ефиктивна сила која може да игра важна улога во вознемирувањето на непријателот и вистински придонес кон конечната победа на непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
2. Комитетот нема да протежира ниту една народност во Македонија, туку ќе се труди да ги организира во една целина за урнување на турската власт во Македонија;
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие обележја не можат да се организираат во систем; многумина од нив меѓусебно си противречат и, покрај тоа, можат да се класифицираат и меѓу некои други форми на деспотизам или фанатизам.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Спротивно на неа, по ново, на работникот може да му се даде отказ ако организирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во согласност со закон и колективен договор или, ако за време на штрајкот, направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување (чл. 239, ЗРО/05); г) избришана е и одредбата која велеше дека, во текот на штрајкот, органот на управување и работоводниот орган не можат да вработуваат работници кои би ги замениле учесниците во штрајкот (чл. 14, ЗШ/91), и на нејзино место е вметната една крута и заплашувачка одредба, според која работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од списанието „Екологист“ членовите се информираат за сите активности што се организираат во земјата и посакуваат насекаде што поубава животна средина!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Медијатори можат да бидат адвокати, дипломирани правници или лица од друга професија, во зависност од видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите од овој закон (чл. 10, ст.2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Медијаторите се организираат во Комората на медијатори на РМ, која има својство на правно лице (чл. 28, ст.1-2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)