Ја носеа в затвор и ја обвинуваа дека дејствува не против општеството, туку против човештвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега Клара беше посветена на идејата да ги освести жените дека самите ќе мораат да се изборат за она што им припаѓа: сама изработуваше плакати на кои пишуваше дека образованието на девојчињата не треба да биде подготовка за улога на домаќинка туку да биде образование кое ќе им овозможи самостојност, и ги лепеше на фасадите на училиштата; бараше сопругите да имаат право да побараат развод; организираше групи кои бараа жените да имаат право на глас, а политичките партии ја пријавуваа во полиција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)