И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој впечаток само беше засилен со неговото детско лице, вистински осветлено со самозадоволството од потполните незапрашаност и недвојбеност што ги познава само блажената инстинктивност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)