Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За времетраењето на судскиот спор не беше ниту побарана, ниту пак изречена некаква времена мерка и Авдиќ не примаше никаков паричен износ, а не беше ниту здравствено осигурен од страна на работодавачот – иако тоа право му следуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По неколку месеци оттогаш, во ноември 2005, пресудата е извршена присилно од страна на судот (заб. со старите судски извршители тој е вратен на работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
— Мори, дома ли сте домаќинки! — викна Цаца на малата врата и ја држи вратата за жапка, да се осигура од кучката, оти таа навистина не познаваше кума — побратима.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)