Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Само зборови нека останат тие нека шепотат, каде да го скријам погледот, никој да не дознае, ништо да не остане, нека изгорат спомените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но морам да простам за да си ја ослободам душата, еден од нас нека биде среќен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Господ сакал Богдан да се јави како спасител, да ѝ ја ослободи душата од оковите и да ѝ го исполни срцето со радост и љубов.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)