Беше тоа сојузот на поетот и револуционерот кој траеше со децении склучен со цел да се ослободи својот палестински народ и реализирањето во родната земја по долгогодишниот принуден егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Слично на фовистите во Франција, коишто почнувајќи од 1905, почнаа да ја ослободуваат својата палета, членовите на „Мост” во првите дрезденски години исто така веруваа во спонтаната инспирација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со директни хируршки зафати на мозокот успева да го ослободи својот пациент од неволното тресење на рацете.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Махмуд Дарвиш И така судбината сакаше да се најдам крај животите на Јасер Арафат и Махмуд Дарвиш, во времето кога тие го водеа палестинскиот народ кон слободата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)