Оваа одредба е на работ на неуставноста, бидејќи се коси со чл. 58, ст.1 од УРМ дека „сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето“ и за неа ДСП Ленка планира да поднесе претставка до Уставниот суд на РМ! 42 4. Погрешно утврдена фактичка состојба постои кога судот некој решителен факт погрешно го утврдил, односно кога не го утврдил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странска организација, во смисла на ЗЗФ (2010), е странско или меѓународно здружение, фондација или друг облик на организација основана за остварување на заедничка цел која не е за стекнување добивка и е основана во согласност со правниот систем на странската држава (чл. 3, ст.1, ал.14 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со колективен договор за работникот можат да се определат начинот и условите за намалување или простување од плаќање на обештетувањето (чл. 158, ЗРО). 3. Со измената и дополнувањето на ЗЈП (1996), од април 2006, се укина правото на работниците во јавните претпријатија да форми- раат Совети на вработените, како и да одредуваат свои претста- вници во УО на претпријатието (чл. 18 и чл. 26, ЗИД ЗЈП/06).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради инсистирањето на анонимност, не го наведуваме ниту архивскиот број под кои е заведен предметот пред Основниот суд – Битола. 2. Здруженијата на граѓани, како правни лица, можат да се јават и во улога на работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)