остава (гл.) - впечаток (имн.)

Однадвор остава впечаток со грандиозноста, а внатре е без икони, без украси, само се некои релјефи и со извишени слики на проповедниците во олтарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Огромните дворци, изградени на една чиста планиска лединка, завиткани во густа борова шума и опашани со зидови, оставаат впечаток на куќи приказни од бајки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И без да се поздравите, сигурни сте дека рацете му се потат, дека воопшто остава впечаток на нечист човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но аспектот на ова негово дело кој ќе изврши најголемо влијание врз уметниците на поп-генерацијата е прикачувањето на одредени предмети на површината на сликата: клинот остава впечаток како на него навистина да се закачени делови од облека, трите вистински безопасни игли се чини како да ја закрпуваат илузорната пукнатина на средината на композицијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во 1944 била објавена фотографија со нејзините дизајни преку цела страница на списанието Вог, снимена со двојна експозиција, што остава впечаток дека сликата е гледана низ стакло, што нѐ наведува на тоа идејата за оваа фотографија да му ја припишеме на Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
“Tu m” останува едно од визуелно најатрактивните дела од опусот на Дишан, дело чија драматска композиција и залажливиот илузионизам прават од него пригодна завршница на делот од кариерата на Дишан во кој тој се бави со сликарство, зашто по ова дело тој реши никогаш повеќе да не слика.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во овој период стилот драматично ѝ се менува, со внесување на елементи од Надреализмот, и што 112 Margina #4-5 [1994] | okno.mk набргу ќе го привлече вниманието на Анри Бретон. (10) Покрај скулптури Мартинс исто така правела и накит, кој како и некои нејзини вајарски дела, содржи органски форми обликувани во експресивен манир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вратените од преку океанот – на сликите дотерани и насмевнати, ведри им се лицата и облеката градска, изгледаат задоволни и сити, а домашните – најчесто во селска носија, натажени, во очите им е вгнездена длабока грижа, погледот молежлив и тажен и оставаат впечаток дека некого и нешто чекаат...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оставаа впечаток на вчудовидени и несигурни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Час гледа во мене, час на сликата и остава впечаток дека се сомнева во сличноста, а можеби и во пасошот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Новинарите, секогаш податливи на неговиот шарм, веќе на големо пишуваа дека тој, за разлика од другите, остава впечаток дека не се двоуми околу тоа дека постигнувањето заеднички политички договор е предуслов за враќање на мирот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што на Џон Холанд најмногу му остава впечаток во оваа сцена не е само нејзината убавина туку и нејзината сложеност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И, како да се живее во ова време кое остава впечаток на порцеланска насмевка од џиновски плакат на новопечена забарска ординација?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Оставајќи впечаток како да исчезнува од постоење, тој дури додаде дека куќата има два влеза, едниот од нив преку задниот двор, кој излегува на едно споредно сокаче.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меткајќи се меѓу својата безвредна стока, со долгиот нос и дебели очила и со поднаведнатите раменици под сомотскиот жакет, тој секогаш оставаше впечаток како да е повеќе собирач, отколку трговец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оставаше впечаток како да се обидува да го зачува тоа што го зборува како тајна помеѓу себе и телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но посебно оваа девојка му оставаше впечаток како да е поопасна од повеќето други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оставаше впечаток како во брчките на нејзиното лице да има прав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите бракови меѓу членовите на Партијата мораше да бидат одобрени од една комисија именувана за таа цел, и - иако принципот никогаш не беше јавно соопштен - дозволата секогаш беше ускратувана доколку двојката оставаше впечаток дека физички се привлекува меѓусебно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Звукот на телекранот беше намален до тивко мрморење; густината на темно-синиот килим под нозете оставаше впечаток како да газиш по сомот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оставаше впечаток не толку на снага, колку на самодоверба и на разбирање, зачинето со малку иронија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо тоа, гледаше некаде неодредено и зборуваше воопштено на толку деликатен начин, што оставаше впечаток како да е делумно невидлив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лилица на прв поглед изгледаше питома, повлечена и тивка, но во комуникацијата не оставаше впечаток на жена која може да биде рамнодушна на опкружувањето и особено на луѓето со кои непосредно контактираше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одот ѝ оставаше впечаток на помиреност со ситуацијата во која се наоѓавме и тоа подоцна сакав да го проверам, да го прочитам во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оставаше впечаток на циник кој размислува плитко, но кој не избрзува со своите решенија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таблите над плочките од подот беа поткренати половина метро, а тоа оставаше впечаток на отвореност која двајцата, додека молчеа со спуштени погледи пред себе, ја чувствуваа како простор изложен на провев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оние што не го познаваа доволно велеа дека остава впечаток на одлучен човек, но оној што го познаваше подобро, забележуваше кај него нешто здржано, тоест како нешто да му тежи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Без разлика дали се работи за фашизам или за комунизам, токму за тоталитаризам станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истовремено, оставаше впечаток и неговата чудесна креативна енергија; таа не само што го овозможи изразот на целосна слобода, туку и ја оствари оваа витална неопходност, реализирајќи ја низ конкретни и вистински креативни акти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа беше ЦРВЕНИОТ ХОРИЗОНТ на Булатов во 1972. Тоа беа првите чекори на московската концептуална школа. Идеологијата на соц-артот излегуваше на видело. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 85
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој ти остава впечаток дека печалбата не му е важна иако без печалба тој не знае да работи зашто како што е лаком на пари тој на ништо друго не е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па сепак не остава впечаток на себичен човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)