Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Идеш со кола до најблиското езеро, ја оставаш колата, ја облакаш најдебелата јакна и го зимаш ранецот пун со вунени чорапи, поткапи, ѕиври и нормално – термос со греана ракија.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)