Длабоко во неа седеше и мислата дека Доне не можел да си замине качен на веленцето како што се пошегувал Танаско со Чана, а и од каде такво срце кај Доне, да ја остави неа, да ги остави нив!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Посакав да ја оставам неа заклучена зад резето на зборот да чека како жена што чека од печалба и војна од глуви талкања верна на обрачот на љубовта моја и на својата надежда.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како да ја оставам неа? Кому да ја оставам, најмилата?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Каде ли ја остави неа, мама?
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Пуста Чана, добила за себе засолниште ама ѝ било тешко да ја остави неа тука сама! Па нели не сум сама тука?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)