Сè што себеси се држи за пристојно, сигурно, солидно, сите што во очите на публиката сакаат да остават впечаток на сериозност и сигурност во контраст спрема хаотичното лудило што нè опкружува, сето тоа или по некоја чудна саморазбирливост отсекогаш и се наоѓа во тоа општествено средиште или пак истуркувајќи ги другите од него непрекинато одново го зазема тоа недискутабилно место.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ми остави впечаток една реченица на Тојнби: „Номади се оние што не се мрдаат, а стануваат номади затоа што одбиваат да заминат”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој е исто така избиран за јапонски претставник на биеналето што се одржува во Сао Паоло. Robert Storr Скорешниот десетдневен трансатлантски налет ми остави впечаток каков што никогаш порано не сум имал можност да почувствувам за тоа колку е целиот континент во постојана промена.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Вели оти често ме следел, набљудувал и дека уште Долу сум му оставил впечаток и дека затоа ми го доделил ова подзатемнато, но не темно место, ова подосветлено, но не зрачно место. Орта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, сега многумина се трудат да остават впечаток на независни трагачи низ фолк-country традицијата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Делото кое најмногу оставило впечаток кај творечки расположените индивидуи и кај читателите и театарските адоранти, секако е комедијата за дубровничкиот богаташ и скржавец, Дундо Марое.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Причина за тоа се нашите творци кои не успеаја да остават впечаток на сериозни, впечатливи луѓе кои можат замислено да гледаат во далечините.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Што сè е човек подготвен да каже за себе и да измисли за другите, кои мора да имаат звучни имиња, за да остави впечаток (во случајов лош, да не речам ептен лош).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Па пијано, час чука, час престанува, а насмевката како вкочанет израз, како поза искрена или зашто така треба, па како малечка што ги вежба ликовите пред огледало за приемен испит на факултет за драма, и таа сакаше да остави впечаток кој трае.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Има жичка на политичар, знае да ги дефинира потребите и сфаќањата на масите, каде да употреби силен збор за да остави впечаток... перверзно курвиче...хи хи хи. Полковничка ќерка, нема што...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Остана неговата тајна како успеваше да остави впечаток дека тој ден нема да направи ништо. А сепак правеше. И тоа редовно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Почнувам со пинта Becks пред заменик уредникот да ми предложи да пробам Dort- munder, пиво со незгодно висок процент на алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Околу 16.10 нашиот уредник се обидува да ни остави впечаток зборувајќи за духовната страна на Pink Floyd и за нивното влијание врз неговата мајка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ги трошам дните бесполезно и мудрувам наоколу, сакајќи да оставам впечаток на паметна индивидуа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Исто така, му остави впечаток и потенцирањето на сознанијата на австрискиот психоаналитичар А. Адлеров, според чија доминантна теза улогата на семејството е толку голема што го одредува однесувањето на индивидуата во текот на целиот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, веќе како врвен дизајнер во Фонт Биро, одговорен за дизајнирање и редизајнирање на фонтовите за списанија како Rolling Stone, Business Week и Martha Stewart’s Living - фонтови кои се наменети за подолготрајна употреба - има изострено чувство за тоа што е соодветно. Frere-Jones е критичен кон оние дизајнери кои не се осмелуваат да го објават сопствениот труд, како и кон оние коишто се обидуваат да остават впечаток, а работите ги објавуваат недовршени со што стандардите на фонт-дизајнерството ги враќаат наназад.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во раскажувањето и однесувањето кон гостите госпоѓа Мариела беше внимателна: се држеше понастрана од можноста да остави впечаток на отменост која, во суштина, и не беше својствена на нејзината природа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Круме Волнаровски сакаше да остави впечаток на незаинтересираност за она што го слушна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога ќе ги погледне човек овие нејзиниве колешки, му се слошува колку глуматаат, преглумуваат, се трудат да остават впечаток...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Знаете, напати, кога ќе си ја дозволеше слободата да избувне веќе во идниот момент ќе се сепнеше: - Како да претерав малку, а?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сепак, во неговите постапки имаше некоја посебност : мислам на онаа негова желба да остави впечаток на угледен и фин.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Николина Кралева уште пред состанокот на кој се обиде да ме оцрни нејзе лично ѝ се доверила дека има намера да ми го сврти вниманието, ако не може поинаку тогаш и со напад, сè со цел да ме збуни и да остави впечаток.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А ти не се јавуваш - ме прекори.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И додека наближуваше мислам дека настојуваше да остави впечаток оти не ја забележала Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Да, каква треба да бите жената за да ти остави впечаток – ми се измолкнува скоро нечујно прифатливиот дел на прашањето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На Хенри Морис поради нешто му остави впечаток електричното мрморење, чудната, студена светлина што одненадеж се појави низ пукнатината на вратата, чудниот мирис и туѓиот тон на потреба во гласот на Минк.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Е таа моја Валерија, со своите долги фустани, тешка коса и крупни ѓердани, може лесно пред непознатите да остави впечаток на таинствена туѓинка, која ги познава лековитите тревки и шумските ѕверки.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Меклин ја спомнал и можноста за формирање федерална држава, која би била составена од Југославија и Бугарија, а кон која би се приклучиле Грција и Албанија и во која, според Меклин, границите на „идеална Македонија цврсто би се формирале“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Јас исто така сакав да оставам впечаток со мојата појава.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На авторот му остави впечаток на човек кој како да беше едне од оние битолчани од песната: „Море на кафеана седеа И газети чатеа...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)