Поп Ристе го познаваше мошне убаво Толета и Трајка, но сега не посмеа ни да помисли за некакво предавство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Му ја остави пушката и седлото од коњот на попот, а со нив заедно Брниклијата, Најда и сина си Велјана за „момци" на манастирот до Ѓурѓовден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во капињата, над чешмата, раскастрија и ги послаа сакмите, ги оставија пушките и торбите и слегоа, та се замија образ со студената снеговица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога Толе еден ден дојде во Полчиште, Митра му ја остави пушката и четничките алишта на Бешот, се облече во женски алишта од ќерка му Петра, и отиде кај браќа си во Витолиште, да си ја оплакуна горчливата и несреќна љубов по арамијата Толета. ***
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Валијата му го препрати писмото од мудурот со извесна напомена дека ја истргал војската без да сврти работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој ја остави пушката, ја закачи и лисицата надвор на ѕидот а потоа седна покрај печката да се нагрее и да се одмори.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ги оставија пушките крај себе и двајцата, со колениците собрани под брадите, мируваа загледани под веѓи кон селото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ја остави пушката на ѕидот и, извлекувајќи ја блузата од под опасачот, им се приближи на братучедите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Без да размислува што прави, остави пушката да му се лизне низ прстите и се стрча надолу по ридот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не гледаше каде оди во темнината, се сопнуваше самиот од себе и од длапките и од камењата покриени со снегот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ранетиот ја остави пушката зад каменот и се исправи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми остави пушка, раница, ќулавка и со куцање отиде напред, а јас ги зедов тие работи и сосе моите што ги носев, одвај отстапив.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)