остави (гл.) - од (предл.)

Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Конкретно, да го најде и ни ковче да не остави од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Дојде крајот и на нашето“, му вели Турчинот на дедо ти, „белки во поголема среќа ќе ве оставам од онаа што ја немавте“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ма, не! - се уфрли Светлана - мислев на синот Илија нешто да му оставиме од дедовината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој што ни, Вело, однесе сичко — тој ни остави од темно темен веков за мака - но и за борба.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ја жулкаше рачката како да ги жулка отисоците од рацете оставени од неговите изумрени, како да ги допира самите нив, нивната душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Им даваше морална поткрепа, гледајќи дека не се оставени од сите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)