Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оди сине, оди. Ме оставија моите, чиниш сираче, ме оставија, како птица откината од јато, кога одлетаа кон Цариград, ме оставија на брегов од Езерово, без нив да самувам, копнежот да ме срони.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)