Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вешто но со напор ја откачи од јадицата, уште еднаш ја изгледа по должината пред да ја смести во торбата („оваа за мезе”, му намигна на докторот, „со по една чашка”), па прикачи нова мушичка на цурајката и ја остави ненадејната струја да ја одвлече јадицата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)