остави (гл.) - настрана (прил.)

Меѓу другото, ти и самиот побара да те оставиме настрана од сева оваа работа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Татко задоволно ја прифати шолјата, но ја остави настрана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ги сложи сите делчиња од затворачот, и кога го остави настрана сето тоа, зглобено и спремно, погледна низ прозорецот и таму изнајде една вредра, месечева ноќ, во која како црни сенки, продолжуваа да се развласуваат по небото топлите јужни облаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стравот и непријатностите да ги оставиме настрана. Нешто за болката.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ја одвитка пораката што претходно ја беше оставил настрана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другиот си најде место одма тука, под расчаталена лоза, ја остави настрана книгата што ја носеше, не иставајќи ја дланката од неа, и легна на плеќи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Веднаш по ручекот му пристигна чувствителна, тешка задача за извршување, за која ќе му бидат потребни неколку часови работа и која бараше сѐ друго да се остави настрана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Но да ги оставиме настрана недоразбирањата и формалностите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)