И тој цела ноќ мисли што да прави утре со затворниците и застана на тоа: „Да земам некоја пара повеќе, та иако дојдит за бегање, барем да не одам со гола рака во Стамбул", — си заклучи и го викна утрото рано јузбашијата да се договорат колку пари да земат и како да ја изведат таа работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пискаа, стенкаа, се советуваа што да прават живот да спасат барем тие што ќе останат по ќотеков денешен и решија да му понудат на бегот поголема сума пари да га остави барем живи, та маките ќе ги тргаат што ќе ги тргаат, алипни до живживоти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)