Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Постелена како за на свадба, со повеќе ложници, здиплени во неколку ката, со осуммина мажи, кои одеа по неа, и со една жена, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, која ги водеше воловите, колата тргна од срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Па, сѐ што можев да кажам е дека ако некој беше „во ред” кога не запознал, тогаш и останал таков, а ако имал некој проблем, тогаш понекогаш никој и ништо не би му помогнало.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Мислам, во секој момент можеш да излезеш на улица и да видиш некој тип како разговара самиот со себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш им ја понудив Бригид наместо мене и ја убедив да оди.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Бидејќи во Девојките од челзи ја играше Дачис, остана таква уште неколку години после тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сакам да кажам, мене никој не ми даваше во раце штотуку родени бебиња и ми дозволуваше на нив да ги вршам моите чудовишни експерименти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 125
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ме прашаа и мене дали сакам да бидам во емисијата, но јас реков: Не.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Напротив, од самите почетоци тој беше европска работа и остана таков сѐ до настанувањето на првата европска национална држава и тнр.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тие во неа останаа такви ко што беа: пролетен повеј, стокмен убавец.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како човек и заговорник, тој бил пример и си останал таков за подражавање27.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Застана нерешително на прозорецот, просто се притули тука и остана таков, допуштајќи веднаш пред својот нос колеблива полутемнина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Измолче, едвај; она меѓу нив мораше да остане такво требаше само време за да се заборави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сето си беше и требаше да си остане такво, мртво, приклештено, колку и да болеше со својата неподвижност. Беше без длабочина, како на фотографија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вистина, силината на мојата одмазда не остана таква како што беше кога ја дадов оваа изјава но од тоа, да му се одмаздам на пакосникот, не отстапив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бил и останал таков: млади жени поучувал, постарите ги обогатувал со сеќавања за младоста, на ваквите каква што била Фиданка Кукникова им се предавал в раце како штотуку да ги одвоил усните од млечна дојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој бил и останал љубезен и со насмевка на младоженец пред прва вечер во која тој само ќе го повтори она што го научил на тајни среќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тука геј-драмскиот писател, всушност, ја провоцира, ја тера публиката – а, во таа смисла, и ја подучува – да се смее на ситуација што е и ужасна и трагична, а која останува таква дури и кога емоционалната внесеност на публиката во неа е дупната, иако никако запрена и укината, од кампското омаловажување на стрејтерската непропустливост за саморанувачката геј-иронија, за двојноста на машкиот геј-говор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Црните луѓе, некој по кожа некој по душа се необични, поинакви од сивите, а сивите се само сиви и секогаш ќе останат такви.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Расклокотени како тазе варено капучино Со лажичка свеж цимет Или свежа цанелла Како што би рекле оние кои сонуваат на латиница Кој како што доаѓаше од доселениците Секој својот сон си го теглеше и толкуваше Секој во својот сон си се олеснуваше И во туѓи соништа не буричкаше Отпосле се дозна и се запиша дека за своите исчашени сонови Некои страствени сонувачи Оделе на Голи Оток или на некој Гулаг По патеката на соништата Поплочена со петокраки И кајшто оделе песни пееле Паѓај сило и неправдо На нозе презрени од светот Си мислеле кој пее зло не мисли Ама не разбрале дека е поважно Која песна се пее И не разбрале дека на тие кои мислат Воопшто не им било до песна Па си останале такви Со недопеани песни во грлото
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)