А за децата не останува време ни лигите да им ги избрише.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зарем не остана време за милост искажување?
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тој впечаток толку брзо се менуваше што на набљудувачот не му останува време да изведе заклучок.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„За денес завршивме. Одвај остана време малку да се одмориме и да се подготвиме за на училиште“ рече Иван.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Вака, сами ние двајцата, можеме без брзање да си го пронајдеме купето, седиштата, удобно да се сместиме, па дури ни остана време и да купиме по осминка бурек со јогурт што го јадевме седнати крај прозорците на вагонот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
— Мое е детето, вели сестрата, не ми остана време да го надојам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)