Многу подоцна брат ми напиша дека секој човек останува дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства, а исто така и секоја љубов е дел од времето во која се раѓа, бидејќи таа се раѓа меѓу две суштества кои се дел на своето време.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останаа деца без татковци, мајки без синови, жени без домаќини.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ќе ми остане детево ни ваму ни таму!... Што правиме сега?!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Останаа деца без татковци, мајки без синови, жени без домаќини.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)