- Не ќе жалав толку, Боженце - си велела со жалосен глас - за Силјана мој ако беше умрел оовде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам коа в море може да се удаи одејќи на тој пусти аџилак.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
По некоја недела беше останала жена му од Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина, та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдојца; си везела и си плакала за к'сметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Откако во куќата на Спира Клечев влезе Паца, не остана жена во селото што не сакаше да наврати да се изнагледа и да се изначуди.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)