Стани си утре порано дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси - ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во делото 33 1/3 Кејџ поставува неколку (највеќе можни!) системи за репродукција на звукот во просторот предвиден за изведување и на учесниците во проектот им нуди избор плочи со различен вид музика која истовремено можат да ја пуштат на грамофоните.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ова изгледа е најуспешен обид за бришење на разликата помеѓу животот и уметноста, така што животот останува живот, а уметноста уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)