Останав сираче на четири години. За мене доаѓаа тешки мигови во кои никој не можеше да ми помогне и да ме сфати.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години, та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет овци да му ја отворат куќичката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можеби беше таков зашто останал сираче уште од дете кога Турците му ги убиле родителите во времето кога беговите им ги одземале тапиите на селаните.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)