остане (гл.) - со (предл.)

- Добро е тоа, но има еден проблем, ти старецу можеш да си одиш, ама момчево ќе остане со нас да ни ги спаси овците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стариот козар останал со скриеното козле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Останав со мајка ми, со сестра ми Аспасија, која на седумнаесет години се омажи во Лерна, и со брат ми Лазара, роден три години пред мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Жената не дојде, рече, мора некој да остане со бизнисот, со двата дуќани што ги имаме, едниот на Гордон стрит, другиот во Епинг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Останав со мајка ми една недела, но не можев да бидам блиска.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Е па, одредени јазли на тоа фино ткаење наречено „ментално здравје на народот“ (или полициски: „политичко- безбедносна ситуација“) испогореа во најновиве случувања и доколку брзо, паметно и мудро не пронајдеме „премостувања“, целата чипка (а факт е дека нашето општество и односите на сили во него е прилично пипаво, фино и деликатно) ни отиде по ѓаволите, ќе останеме со она фамозно романско знаме-дупка во рацете (интересен психоаналитичарски симбол за токму конституциски недостатоци), со крпи за бришење пот и превивање рани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Можеби е подобро да си излезат веднаш и да останат со надежта дека двата цртежа се поставени на онаа парче од ѕидот што тие не знам зошто не го погледаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Целата западна четвртина од Маргара беше слободна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра пак со плачки и клетви го испрати, но Толевите ветувања беа така убедителни, та таа си остана со полна надеж дека не е далеку денот кога ќе се куртулиса од старото нејзино аро — Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бахтијар ја осети сериозната положба и нареди можеби десетти јуриш, а порача и појачање од Маково каде еден бимбашија остана со илјада души аскер. Не малку се испрепали аскерот од западната страна на чуката и не малку се изненади Бехтијар кога околу пладнина почнаа од наспоред, од исто така високата чука „Гарван“, да грмат в грб на аскерот десетина манлихери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа значи дека постои огромна дискрепанца у соодносот 1 богаташ на 10 шмизли, што укажува на фактот дека, сепак, поголем број од шмизлите ќе останат со прстот у уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Литро бензин достигна колку 2 литра пиво. Таксито стана луксуз за елита, но затоа точаците останаа со иста цена. Единствениот најисплатлив превоз во крволочното материјално животарење. ***
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Неписмени курајбери се напикаа по канцеларии и цицаат од државна цицка, а ние останавме со прстот у уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бојан се обиде да дофати едно, но тоа, иако мало, вешто се шмугна меѓу овците, така што момчето остана со празни раце и неисполнета желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А кога старецот ќе се врати, момчето пак ќе остане со него, до крајот на зимскиот распуст.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ина имаше сосема класична несреќна судбина до доаѓањето во циркусот: татко алкохоличар кој умрел рано; останале со мајка им, таа и Светлана; двете се истакнувале во партерна и атлетска гимнастика во училиштето, и по наговор на наставникот, почнале интензивно да тренираат со некој познат руски стручњак кој пребегал во Украина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но логотетот замина, Лествичникот остана со подадени раце кон него, на коленици клекнат, и јас повторно, во тој миг во чевелот негов видов, оти ризата му беше над глуждот: клуч златен од тезгата на трговецот од Дамаск.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Погледнав молбено во Земанек и реков: „Те молам, ако си ми пријател, остани со мене. Пушти ги да си одат“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останете со нас, со Турција. Турција ќе ви даде автономија, ако ме разбираш, а потоа ако сте умни, можеби ќе си напрајте и своја држава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следствено, Србија при таа борба постигна повеќе од Бугарија, која со шумот што го подигна остана со загуби, а не со добивка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вети дека ќе ја почитува и дека ќе ја обожава со своето тело и дека ќе ѝ биде верен до крајот на животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Продавачката на книги остана со прстот во устата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неочекувано за сите, кога камшикот по третпат се крена, луничавиот Борис Калпак застана пред бегот, речиси се подаде да биде удрен, но бегот остана со крената рака, побледен и со грч на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да не се стрчнеш и ти по него? прашал Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во неговите тупаници надоаѓаше крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Денес си повеќе жолт отколку бел. - Ама не, зошто да не останам со вас?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да можеме да му помогнеме, без нишање, со тежина на соборено стебло, Борис Калпак се урна преку софрата и остана со распарчено лице и без движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе останеме со часови заглавени на булеваров, како во лош сон, мафтајќи со рацете и отварајќи ја устата како риби, обидувајќи се да го изложиме сопствениот план за разрешување на кризата во регионот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Змејко не можеше да остане со тоа во себе. Истрча од канцеларијата. Старецот заминуваше нагоре, по средселото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Царот останал со малку војници.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во град сум гледал жени - издолжени како жерави, чиниш сега ќе влезе во вода и ќе остане со издолжена шија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ние не можеме да останеме со скрстени раце, запрени умови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа остана со својата осама и со татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој остана со поткрената рака, со собрани прсти во лабава тупаница.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
– Их, што си бевме раат досега, бесот да ги фати, што ни го расипаа – почнаа да се жалат старците што останаа со попот и ќефалијата. Тие знаеја што значи Турчин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доста ќе си го изгледа; Митра ќе си остане со палењето на свеќата и така ќе се сврши таа работа без греј, ни нејзе, ни мене.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митре си останува со своите соништа да ја чека општата катастрофа на противничката страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токму пред попење му умре и жената и тој остана со ќерка си Бисера и сина си Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зошто би заминал на пат и би ги следел, како што велиш тие клети јагули?! Остани со луѓето!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Сам се предаде - продолжи Горјан. - Сака да остане со нас и да се бори и тој како партизан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зборовите и советите што ми ги упати Никола Леко откако ме сослуша беа премногу горчливи и останав со впечаток дека тој не се ни обидува да ја сфати мојата жална состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И за првпат откако е дојден во Прењес на неговото лице само за миг се појави насмевка; му ги разбразди брчките, му ги издолжи усните и врз челото и образите му фрли малку ведрина и згасна како блескотот на светулката што одеднаш се губи во крајпатните грмушки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Остани со здравје и сполај ти. Се прегрнаа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ниедно од децата не остана со Николчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И вака ќе им речете на вашите татковци: Луман арамијата ви порачува да му однесете по една златна лира секој, а татко му на јунаков што ќе остане со мене пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зоки остана со зината уста. А кога се созеде, почна да пишти: - Балонот, балонот, мојот балон си го сакам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се лепам, се смалувам низ твојата топла кожа со наежени влакненца, лесно навлажена од потта кај рабовите од вешот: - Остани со мене.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вие сте во право кога велите дека и јас ги наследив татковите илузии, неговите гени, не определувајќи се ниту за Запад, ниту за Исток, како да останав со сето семејство да го исполнувам мајкиниот завет. Којзнае каде е вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе остане со подадена рака и подзината уста.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Остани со здравје, бабо Крстовице! - викна, слегувајќи по скалите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ако сакаш, можам да останам со тебе или повремено да доаѓам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Остани со здравје и размисли за тоа што ти реков...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татковиот брат, заминат кон Запад, на студии во Лондон пред војната, па вратен и останат со семејството во Поградец, па во Корча и Тирана, имаше трагична судбина во периодот на сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можеше да остане со скрстени раце. Мораше да дејствува пред историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шишман не знаеше што да одговори. Остана со устата призината од тоа што го чу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сонцето зајде, се нафати мракот, се стемни, езерото ги промени сите бои и најпосле остана со една чакната блескавост што зрачи студенило.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја издржал борбата, останал со умот во главата и кога разбрал дека му ја запалиле куќата со децата и жената внатре, продолжил да се бори со една дрвена нога, таков го запознавме и ние во Гаково.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така и се разделуваат со Чана, таа оди кај својата Митра со Дончо за рака оти не може да го крева, а Пелагија останува со нејзината Пеличка да се сместат на сламарникот што е наместен врз големиот ковчег во кој го донесоа телото на дедото Костадин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Останав со крената рака и со очи овргалени на прозорецот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа и тој се скри, остана со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И една пролет, кога сѐ околу полјанката се расцвета и раззелене, двете јаворчиња останаа со голи гранки, црни и испукани. Се исушија. ***
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)